Џемс Џојс
Петар Петровиќ Његош
Клаудио Магрис
Author Name
Вирџинија Вулф
Курцио Малапарте
Џон Серл
Хајнц Кохут
Френсис Бекон
Одбери категорија
Курсевите за деца се поделени на повеќе нивоа со програма прилагодена според степенот на познавање на јазикот и возраста на децата. Почнувајќи од предучилишна возраст (3-5 години) и училишна возраст (6-14 години). Изучувањето на јазикот е на ненаметлив, спонтан начин, преку игра и забава, а постигнатите резултати се огромни.
Одредувањето на соодветно ниво на јазикот се врши врз основа на тестови прилагодени на возраста на детето.
Часовите се одвиваат со интензитет од два пати неделно, т.е. за една учебна година се добива еден степен.
Во текот на наставата се користат најразлични аудиовизуелни материјали, флеш карти, постери и многу други најсовремени наставни материјали.
Курсевите за возрасни се поделени на:
Центарот за едукација и преводи АРС СТУДИО ви нуди најразлични видови на преводи на наведените странски јазици од македонски и обратно
АРС СТУДИО е основано во 2000 година. Од скромните почетоци како центар за едукација на деца и возрасни, набрзо скокнавме во бурните преведувачки води и, пловејќи по бранот на барањата на љубителите на пишаниот збор, денес сме сосредоточени на тоа да ги приближиме врвовите од стручната литература и ѕвездите меѓу книжевните дела до македонските читатели.
Започнувајќи со книжевни преводи, на читателите им ја отворивме вратата кон светот на поезијата и прозата на славните творци. Негувајќи го преведениот збор, подготвуваме книги за да ве разгалиме и да ве разонодиме, но и да понудиме книги што вечно ќе ви останат во сеќавање. Нашата визија е да ви понудиме пријатна оддишка исполнета со приказни за големи љубови, историски пресврти, мрачни светови, потресни судбини и возбудливи авантури. Со слушање на вашите желби, и натаму ќе работиме да ги донесеме вашите „најдобри другари“ од книжевниот свет до вашите полици во најкраток рок и по најповолни услови со квалитет што ја заслужува вашата доверба.