Курсеви

Центарот за странски јазици АРС СТУДИО ви нуди најразлични типови на курсеви за учење или подобрување на познавањата од избраниот јазик како и јазичните вештини. Ви нудиме курсеви по англиски, италијански, германски, албански, грчки, руски, француски, македонски за странци и други јазици. Курсевите се прилагодени според вашите потреби, а предаваат искусни и инвентивни професори.

detski kursevi

ДЕТСКИ КУРСЕВИ

Курсевите за деца се поделени на повеќе нивоа со програма прилагодена според степенот на познавање на јазикот и возраста на децата. Почнувајќи од предучилишна возраст (3-5 години) и училишна возраст (6-14 години). Изучувањето на јазикот е на ненаметлив, спонтан начин, преку игра и забава, а постигнатите резултати се огромни. Одредувањето на соодветно ниво на јазикот се врши врз основа на тестови прилагодени на возраста на детето. Часовите се одвиваат со интензитет од два пати неделно, т.е. за една учебна година се добива еден степен. Во текот на наставата се користат најразлични аудиовизуелни материјали, флеш карти, постери и многу други најсовремени наставни материјали. По завршувањето на степенот се полага завршен испит кој се состои од писмен и устен дел, а на крај се добива диплома за завршен степен.

КУРСЕВИ ЗА ВОЗРАСНИ

Курсевите за возрасни се поделени на:

  • општи курсеви
  • специјализирани курсеви
  • курсеви за подготовка на Кембриџ испитите
  • курсеви скроени според Вашите потреби

Арс студио ви нуди курсеви во групи како и индивидуална настава 1:1.

vozrasni

Основни критериуми за добивање на диплома

  • Студентите мора да го посетуваат курсот до крај (сите 60 наставни часа).
  • Студентите мора да се присутнии на 80% од часовите, т.е. 48 наставни часа.
  • Студентите мора да го положат завршниот испит со вкупен број на поени кој не е помал од 60%.
Подготвителни курсеви по англиски за меѓународни испити
  • FCE- First Certificate in English
  • CPE-Certificate of Proficiency in English
  • BEC(Vantage and Higher)-Business English Cambridge
  • IELTS-International English Language Testing System
  • TOEFL-The Test of English as a Foreign Language
Курсеви “скроени според потребите на слушателот”
  • Индивидуална настава
  • Корпоративни курсеви

Контактирајте не