ПСИХОЛОГИЈА

ISBN 978-608-239-060-4

наслов

ДАЛИ СМЕ СЛОБОДНИ? ПСИХОЛОГИЈАТА И СЛОБОДНАТА ВОЛЈА

јазик

Англиски

автор

Џон Баер, Џејмс Кофман и Рој Ф. Баумајстер

Кратка содржина

Дали луѓето имаат слободна волја или ова универзално верување претставува илузија? Ако слободната волја не е само илузија, каква слободна волја имаат луѓето? Како може слободната волја да влијае врз однесувањето? Дали може слободната волја научно да се проучува, потврди и разбере? Како и зошто би можело да се развие чувство за слободна волја? Ова се некои од прашањата на кои книгата се обидува да даде одговор. Луѓето вообичаено постапуваат како да веруваат во својата слободна волја: тие не се чувствуваат како машини и не се однесуваат кон другите како што би се однесувале кон роботи. Иако прифаќаат многу ограничувања и влијанија врз однесувањето, луѓето сепак постапуваат како да тие контролираат многу, можеби и сите, свои одлуки. Меѓутоа, психолошките објаснувања на однесувањето ретко ја споменуваат слободната волја како фактор. Дали психолошката наука може да создаде простор за слободната волја? Како водечките психолози ја замислуваат слободната волја и каква улога ѝ даваат во обликувањето на однесувањето? Психолозите се обиделе да решат една или повеќе од загатките што се поврзани со слободната волја. Ова книга ги разгледува и поновата експериментална и теоретската работа директно поврзана со слободната волја и начините на кои водечките психолози од сите области на психологијата се занимаваат со филозофските проблеми поврзани со прашањето за слободната волја. Исто така, вклучува коментари од истакнати филозофи за тоа како психолозите може да придонесат за долготрајните филозофски обиди да го објаснат ова карактеристично човеково верување. Овие есеи се интересни не само за социјалните научници, туку и за сите интелигентни и промислени читатели.

ISBN 978-608-239-039-0

наслов

МЛАДИТЕ И КРИЗАТА НА ИДЕНТИТЕТОТ

јазик

Англиски

автор

Ерик Х. Ериксон

Кратка содржина

Младите и кризата на идентитетот, на Ериксон, претставува збирка од значителни есеи на одредени теми чиј корен е адолесцентската криза на идентитетот. Идентитетот се справува со процесот што е случува во јадродото на индивидуалното и во културата на заедницата.

ISBN 13- 978-608-239-023-9

наслов

СПРОВЕДУВАЊЕ КВАЛИТАТИВНИ ИСТРАЖУВАЊА ВО ПСИХОЛОГИЈАТА: ПРАКТИЧЕН ВОДИЧ

јазик

Англиски

автор

Мајкл А.Форестер

Кратка содржина

Ова дело претставува комплетен водич за квалитативни методи на истражување во психологијата. Тоа е идеален вовед во областа за студенти, истражувачи и практичари.

ISBN 13 - 978-608-239-016-1

наслов

ЕГОТО И МЕХАНИЗМИТЕ НА ОДБРАНА

јазик

Англиски

автор

Ана Фројд

Кратка содржина

Фундаментално дело во кое се претставени темелите на психологијата на егото, која фокусот на психоанализата го поместува од доменот на несвесното кон свесното и кон детална анализа на процесите на одбрана на егото.

наслов

НОРМАЛНОСТ И ПАТОЛОГИЈА ВО ДЕТСТВОТО: ПРОЦЕНИ НА РАЗВОЈОТ

јазик

Англиски

автор

Ана Фројд

Кратка содржина

Книгата се занимава со најзанемаруваното прашање во психоанализата, а тоа е нормалниот тек на детскиот развој, како и можностите за процена и класификација на патолошките феномени во детството и во адолесценцијата, кои може да бидат предвесници на патологија во возрасната доба.

наслов

БЕГСТВО ОД СЛОБОДАТА

јазик

Англиски

автор

Ерих Фром

Кратка содржина

Ако човештвото не умее да живее со опасностите и одговорностите што непосредно ја следат слободата, веројатно ќе западне во авторитатизам. Ова е централната идеја во бележитото дело Бегство од слободата. Малку книги успеале да ги обелоденат силите што го обликуваат современото општество или пак продреле толку длабоко во причините зад авторитативните системи. Ако подемот на демократијата ослободил дел од народите, истовремено предизвикал појава на едно општество во кое поединецот се чувствува оттуѓен и дехуманизиран. Употребувајќи согледби од психоанализата, делото на Фром ги анализира болестите на современата цивилизација согледани според нејзината желба да се покори на тоталитаристичка власт.

ISBN 13 - 978-608-239-017-8

наслов

КАЖАНО СО ПОИНАКОВ ГЛАС

јазик

Англиски

автор

Керол Гилиган

Кратка содржина

Со право се нарекува „мала книга што започна револуција“ зашто пред три децении оваа книга го поттикна интензивното проучување на родовите разлики во моралниот развој, чии импликации извршија силно влијание не само врз психологијата туку и врз филозофијата, образованието и родовите студии.

наслов

ТЕОРЕТСКИ ПРИСТАПИ ВО ПСИХОЛОГИЈАТА

јазик

Англиски

автор

Мет Џарвис

Кратка содржина

Во книгата се претставени шест главни психолошки парадигми и се разгледани начините на кои секоја од нив им помага на психолозите да ги разберат мислите, чувствата и однесувањето на луѓето. Претставува воведна литература што содржи повеќе посебно осмислени помагала за студенти.

наслов

ДЕЦАТА И СОЦИЈАЛНОТО ИСКЛУЧУВАЊЕ: МОРАЛНОСТ, ПРЕДРАСУДИ И ГРУПЕН ИДЕНТИТЕТ

јазик

Англиски

автор

Мелани Килен и Адам Ратленд

Кратка содржина

Преку умешна интеграција на теоретски пристапи и емпириски наоди од развојната и социјалната психологија, ова дело нуди нови и продлабочени сознанија за социјалниот свет на децата, за појавата на предрасудите и на моралноста во текот на детскиот развој.

ISBN 978-608-239-067-3

наслов

КАКО ЛЕКУВА АНАЛИЗАТА?

јазик

Англиски

автор

Хајнц Кохут

Кратка содржина

Хајнц Кохут беше еден од водечките психоаналитичари кој ја разви школата на психологијата на себството. Психологијата на себството се оддалечува од објаснувањата за однесувањето поставени од Фројд и наместо тоа ги разгледува врските меѓу себството и објектот, како и емпатијата за да го објасни човечкото однесување. Во книгата „Како лекува анализата?“ Кохут поставува теоретска рамка за психологијата на себството и внимателно елаборира како себството се развива со текот на времето. Кохут исто така дефинира здрави и нездрави случаи на Едипови комплекси и нарцизам, истовремено испитувајќи ја природата на самата анализа како третман за патологии. Ова длабинско испитување на „лекувањето со разговори“ го истражува феномен на психоанализата, вклучувајќи и објаснувања за тоа кога анализата треба да се прекине и променливата дефиниција на „нормалното“. Книга која е важна не само за психолозите и психоаналитичарите, туку и за сите кои се заинтересирани за сложеното функционирање на човековата психа.

наслов

ФОКУС ГРУПИ: ПРАКТИЧЕН ВОДИЧ ЗА ПРИМЕНЕТИ ИСТРАЖУВАЊА

јазик

Англиски

автор

Ричард А. Кругер и Мери Ен Кејси

Кратка содржина

Книгата претставува водич за работа со фокус-групи за истражувачки цели или за евалуации. На едноставен начин се движи низ теоријата и дава корисни совети за секој што сака да работи со фокус-групи. Идеална литература за евалуација на програми и истражување во општествените науки.

наслов

КЛУЧНИ КОНЦЕПТИ ВО УПРАВУВАЊЕТО СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

јазик

Англиски

автор

Џон Мартин

Кратка содржина

Неопходен водич за теоретските сознанија и за темите кои ја дефинираат оваа област - од критичките дебати до практичните прашања за кои студентите и практичарите треба да бидат свесни.

IISBN 978-608-239-062-8

наслов

ПСИХОЛОГИЈА НА ПОСТОЕЊЕТО

јазик

Англиски

автор

Абрахам Х. Маслов

Кратка содржина

Во ова издание на Психологија на постоењето се забележува постојаната оптимистичка верба кон иднината заснована на интринзичните вредности на човечноста. Со овој наслов мислите на Маслов се доближуваат до сосема нова генерација на читатели ориентирани кон бизнис и психологија, како и секој што е заинтересиран во истражувањето на човечкото однесување.

наслов

КАКО СЕ СТАНУВА ЛИЧНОСТ

јазик

Англиски

автор

Карл Роџерс

Кратка содржина

„Како се станува личност“ е збирка од предавања и ракописи составена од Карл Роџерс меѓу 1951 и 1961 година. Книгата е длабоко прониклива и речиси медитативна при објаснувањето како Роџерс дошол до својот пристап кон психотерапијата кој се фокусира врз личноста. Дадени се искрени лични откритија за искуството на Роџерс и увиди во човековите врски, како и истражување на психотерапијата како „врска“ на помагање меѓу терапевтот и клиентот.

наслов

ПСИХОЛОГИЈА НА ВНИМАНИЕТО

јазик

Англиски

автор

Елизабет Стајлс

Кратка содржина

Книгата содржи темелен и јасен преглед на главните прашања поврзани со вниманието што ги проучувале когнитивните психолози во текот на изминатите пет децении.

ISBN 978-608-239-067-3

наслов

ОД ДОМОТ СÈ ПОЧНУВА: ЕСЕИ ОД ПСИХОАНАЛИТИЧАР

јазик

Англиски

автор

Доналд В. Виникот

Кратка содржина

Со овој наслов Д. В. Виникот, кој важи за еден од најталентираните и најкреативни психоаналитичари, остава траен придонес кон разбирањето на детското мнение. Содржината ни пренесува дел од визијата за начинот на кој сепство се развива преку интеракција на семејството и општеството.