За Нас

АРС СТУДИО е основано во 2000 година. Од скромните почетоци како центар за едукација на деца и возрасни, набрзо скокнавме во бурните преведувачки води и, пловејќи по бранот на барањата на љубителите на пишаниот збор, денес сме сосредоточени на тоа да ги приближиме врвовите од стручната литература и ѕвездите меѓу книжевните дела до македонските читатели.

Започнувајќи со книжевни преводи, на читателите им ја отворивме вратата кон светот на поезијата и прозата на славните творци. Негувајќи го преведениот збор, подготвуваме книги за да ве разгалиме и да ве разонодиме, но и да понудиме книги што вечно ќе ви останат во сеќавање. Нашата визија е да ви понудиме пријатна оддишка исполнета со приказни за големи љубови, историски пресврти, мрачни светови, потресни судбини и возбудливи авантури. Со слушање на вашите желби, и натаму ќе работиме да ги донесеме вашите „најдобри другари“ од книжевниот свет до вашите полици во најкраток рок и по најповолни услови со квалитет што ја заслужува вашата доверба.

И во поглед на академската средина, АРС СТУДИО има улога и цел да биде неисцрпен извор на психолошката, историската и филозофската мисла каде што сите, и оние од пошироките и од потесните академски кругови ќе можат да ја згаснат својата „жед“ за знаење, унапредување на своите вештини и градење на своите вредности. Нудиме времеплов со кој читателот ќе присуствува на подемот и падот на старите, но и модерни цивилизации, ризница на идеи и учења на големите мислители и енциклопедија на знаење од познатите психолози со што читателот ќе го збогати својот интелектуален и духовен профил.

АРС СТУДИО се залага да биде повеќе од издавачка и преведувачка куќа. Сакаме да бидеме културно жариште каде што ќе работиме во служба на пишаниот збор и каде што ќе поттикнуваме на зачекорување во нови светови, во потрага по нови знаења вооружени со љубопитност и здружени преку љубовта кон книгите.

Уживајте во читањето, читајте со уживање!

ПОЛИТИКА ЗА КВАЛИТЕT


АРС СТУДИО, како центар за едукација и издаваштво на книги, се стреми кон обезбедување на високо-квалитетна услуга за одржување на курсеви, реализација на преведувачки услуги, издавачка дејност и продажба на книги, согласно законската регулатива и меѓународните стандарди од оваа област.

АРС СТУДИО континуирано го следи степенот на задоволство на клиентите и ги проучува нивните препораки и барања, а притоа истите ги користи за подобрување на карактеристиките на своите производи и услуги, како и за усовршување на Системот за управување со квалитет.

Врвното Раководството на АРС СТУДИО обезбедува мотивираност, вклученост и посветеност кон остварување на стратешките определби и цели на компанијата.

АРС СТУДИО се стреми да одржува тим од високо-квалификувани и мотивирани вработени, кои се свесни за важноста на своите дејствија, при што се остварува непречена, навремена и точна комуникација и соодветна дистрибуција на знaење.

АРС СТУДИО го поддржува Системот за управување со квалитет во согласност со барањата на меѓународниот стандард ISO 9001:2015.

АРС СТУДИО се стреми навремено да ги идентификува ризиците и можностите во работењето, проактивно да управува со нив заради унапредување на производите, услугите, процесите и Системот за управување со квалитет.

АРС СТУДИО во своето работење применува процесен приод и врши идентификација, планирање, воведување, контрола и континуирано подобрување на сите процеси кои имаат влијание врз квалитетот на производите и услугите. Определува и собира неопходни информации за протокот на тие процеси и ги мери резултатите во однос на нивната продуктивност и ефикасност.

Раководството периодично извршува контрола на политиката, функционирањето на Системот за управување со квалитет, исполнувањето и поставувањето на нови цели за квалитет.

АРС СТУДИО им гарантира на своите клиенти високо квалитетни производи и услуги.