Ѕвезди

978-608-239-116-8 mek

наслов

Горски венец

јазик

Црногорски

автор

Петар Петровиќ Његош

Кратка содржина

Далечната 1947 година, по повод стогодишнината од објавувањето на првото издание на Горски венец во 1847 година, а само две години по кодификацијата на современиот македонски книжевен јазик, Блаже Конески се зафаќа со превод на овој епос на црногорскиот владика, владетел и писател Петар II Петровиќ-Његош (1813 – 1851) на македонски јазик.

978-608-239-117-5 mek

наслов

Разбудете се

јазик

Јапонски

автор

Кензабуро Ое

Кратка содржина

Романот Разбудете се, о младичи на новата доба! (1983) се одликува со многу софистицирана книжевна техника и со искрена лична исповед на авторот; се однесува на ментално заостанатото момче, како и на напнатоста и анксиозноста што се буди во неговото семејство.

978-608-239-115-1 mek

наслов

Капут

јазик

Италијански

автор

Курцио Малапарте

Кратка содржина

Капут е чувствен роман што потекнува од човек што имал долга и возбудлива врска со фашизмот, но кој потоа доживеал уште поголеми разочарувања. Содржи реални приказни што уште од четириесеттите години на минатиот век ги запрепастувале и згрозувале, но и омајувале читателите од целиот свет. Приказни во кои се овоплотува исчезнувањето на сето благородно, чисто и доблесно што старата Европа дотогаш го поседувала. Приказни што водат во едно долго и сурово патување низ ужасите на војната, на чиј крај ќе ја видиме Европа сведена на куп крвави урнатини по кои летаат роеви муви и се шетаат безбројни сиромашни и изгладнети деца, убедени дека сојузничките авиони истураат врз нив играчки, а не смрт. Благодарение на Kaputt, Курцио Малапарте доживеа толку голем успех и стана меѓународно познат, за разлика од некои други италијански писатели од првата половина на 20-от век.

978-608-239-103-8 mek

наслов

Микрокосмоси

јазик

Италијански

автор

Клаудио Магрис

Кратка содржина

Во книгата се опишани девет микрокосмоси, девет мали света што опстануваат низ подолги временски периоди со својот непроменет ритам на живеењето, што единствено историските настани или ненадејно снемување на некој постојан посетител повремено го нарушуваат, во кои единствените промени се периодичните менувања на годишните времиња.

наслов

Даблинци

јазик

Англиски

автор

Џемс Џојс

Кратка содржина

Даблинци е насловот што го дал Џојс на својата збирка од 15 раскази напишани во период од три години (1904 – 1907). Иако последниот расказ, „Мртвите“, го завршил во пролетта 1907 година, тешкотиите да се најде издавач, како и првичните одбивања на Џојс да ги измени оние пасуси што се сметале за спорни го одложиле нејзиното издавање сё до 1914 година. Уште од нивниот зачеток, Џојс имал намера расказите да бидат дел од една тематски обединета и хронолошки подредена низа. Сите тие се остра анализа на животот во Ирска на средната и на долната ниска класа, при што Даблин не е само нивна географска локација туку и емоционално и психолошко средиште.

978-608-239-103-8 mek

наслов

Кон светилникот

јазик

Aнглиски

автор

Вирџинија Вулф

Кратка содржина

Дејството на романот Кон светилникот се одвива на еден од островите од Хебридскиот архипелаг во Западна Шкотска, каде што семејството Ремзи го минува одморот во својот летниковец. Господин и госпоѓа Ремзи, со своите осум деца, планираат излет до блискиот светилник. Во нивниот дом има и неколкумина гости: Чарлс Тензли, суетен интелектуалец; Вилијам Бенкс, вдовец, ботаничар, семеен пријател; Пол Рејли и Минта Дојл, идни сопружници; Лили Бриско, апстрактна сликарка и Августус Кармајкл, поет. Кон светилникот нема традиционален заплет; приказната се состои од низа искуства, сеќавања и чувства што се однесуваат на свеста на ликовите. Формата на романот е необична, особено ако се земат предвид некои нови експерименти со времето.